Македонский перевод Т. Димитровского
Источник:
Слово за походот Игорев / Прев. от старорус. и комент. на Т. Димитровски. — Скопје, 1960.
- 1. Зар убаво, браќа, не ќе беше
со стари зборој да ја почнеме
повеста жална за походот Игорев,
на Игора Свјатославич? - 2. Туку да ја почнеме песнава -
со настаните од ова време,
не по замисла Бојанова. - 3. Та вештиот Бојан,
сакаше ли песна некому да сложи,
со мислата леташе пб дрво ко верверица,
пб земја како волкон сив,
под облаци ко орелон сур. - 4. Ќе спомнел ли, велат,
раздори од првни времиња,
десет сокли пуштал тогаш на јато лебедици:
сокол која ќе ја втасал,
прва таа песна запевала
за стариот Јарослава,
за храбриот Мстислава
Редедја што го исече пред полкојте касошки,
за личниот Романа Свјатославич. - 5. Но не десет сокли пуштал Бојан, браќа,
на јато лебедици,
ами вешти прсти свои
на живи струни слагал:
на кнезови тие сами слава им ѕунеле. - 6. Па да ја почнеме, браќа, таа повест
од стариот Владимир до Игора денешен,
со крепост ум што обружа,
со јунакство срце изостри - 7. и, со боен дух напоен,
поведе храбри полкови свои
спроти земја половецка
за својата Земја руска. - 8. Го погледна Игор тогаш
сонцено светло
и виде кај oд него
сета војска мрак ја прекрил. - 9. И рече Игор
на дружина своја: - 10. «Браќа
и дружино!
Подобро е дазагинеш
од колку роб да станеш. - 11. Да јавнеме, браќа,
свои брзи коњи
да го погледнеме
синиот Дон». - 12. Страст на кнезот
ум му зеде,
а копнеж да вкуси од великиот Дон
знамение нему му засолна. - 13. «Сакам, рече, копје свое да скршам
накрај пoле лоловецко,
со вас, Руси, сакам глава своја да сложам’
ил’ со шлемов да пијам од Дон.» - 14. О Бојане, славеј на старото време!
Биткиве ти да беше ги опеал,
ќе скокаше. славеју, по дрво мисловно,
ќе леташе со умот под облаци,
ќе сврзеше слава стара и денешна,
ќе грабеше по патот Тројанов
крз полиња по планини; - 15. вака песна ќе пееше за Игора,
внукот Олегов: - 16. «Не бура сокли занесе
крз полја широки, –
јата чавки бегаат
кон великиот Дон.» - 17. Ил’ можеби вака ќе пееше,
вешт Бојане,
внуче Велесов: - 18. «Коњи зад Сула ржат –
слава ечи во Киев;
труби трубат в Новгород,
знамиња се веат в Путивљ!»
Игор чека мила брата Всеволода. - 19. И му рече бујни туре Всеволоде:
- 20. «Еден брату,
еден светол зраку –
ти, Игоре!
Обата сме Свјатславичи. - 21. Седлај, брату,
свои брзи коњи, - 22. готови ти се моите,
потседлани уште в Курск. - 23. Курјаните мои – воини се славни:
под труби се повивани,
под шлемови одгледани,
од врв копје одранети; - 24. патиштата знајни им се,
долиштата познати,
лаковите рптегнати,
тулците отворени,
сабјите наострени; - 25. сами јурат ко волци сиви низ поле,
барајќи чест за себе, кнезу слава.» - 26. Стапи тогаш кнез Игоре в стремен златен
и киниса крз поле широко. - 27. Со мрака му сонце пат стилаше;
- 28. ноќта, со луња грозејќи му, пилци разбуди;
се крена од ѕверови рев, - 29. се скостреши Див,
од врв дрво кличи тој:
зове да го чуе земја незнајна,
Волга
и Поморје,
и Посулје,
и Сурож,
и Корсуњ
и ти, идол тмуторкањски! - 30. А Половци по врвици негазени
забегаа кон великиот Дон:
талиги сред ноќ им пиштат
ко лебеди разгонети.
Игор кон Дон војска води! - 31. Од дабјено еве пилци
несреќи му кобат,»
волци вијат гроза
по долови;.
орли со клик на коски ѕверови канат,
лисици џавкаат на штитој црвени. - 32. О, Руска земјо! Зад ридон веќе си ти!
- 33. Долго, долго ноќта мркне…
- 34. Муграта одвај се вести . . .
Полја покрила магла. - 35. Славеева песна замре,
се разбуди вранин говор. - 36. Руски синој полја пгирни преградија со
црвени штитој
барајќи чест за себе, кнезу слава. - 37. Во петокот, рано взори,
изгазија половецки поѓани полкој
и, прснати по степата ко стрели,
попленија лични половецки моми,
а со нив и злато,
и свила,
и кадифе скапо. - 38. Со гуњи,
плаштови,
кожуви –
почнаа мостови да мостат
преку блата и мочури –
со секакви руби половецки. . - 39. Знаме црвено,
бела хоругва,
тугот хански.
дршката сребрена –
на храбриот Свјатославич! - 40. Дреме в поле храбро гнездо Олегово.
Далеку се залета! - 41. Не плен да биде беше родено
ни соколу,
ни јастребу,
ниту тебе, црн гаврану,
поган Половецу! - 42. Гзак ко сив волк бега,
Кончак пат му сочи кон великиот Дон. - 43. А друг ден мошне рано
се обзори зора в крвој;
облаци црни од кај море идат – - 44. четир’те сонца сакаат да скријат,
а во нив молскотат молњи сини. - 45. Гром велик ќе трешти!
Дожд стрели ќе рукне од великиот Дон! - 46. Тука копја ќе се кршат,
тука сабји ќе се тапат
од шлемови половецки
на реката, на Кајала,
кај великиот Дон! - 47. О, Руска земјо! Зад ридон веќе си ти!
- 48. Еве ветри, Стрибогови внуци, стрели од кај
море веат
на храбрите Игореви полкој. - 49. Земја татни,
реки матни течат,
правје покриваат полја, - 50. знамињата зборат:
Половците од кај Дон - 51. и од кај море идат,
од си страни руски опколија полкој. - 52. ѓаволски рожби со клик преградија поле,
а Руси храбри со црвени штитој. - 53. О, јуначен туре Всеволоде!
На браникот ти стоиш,
на воини стрели сипеш,
по шлемој грмиш со мечој ковани. - 54. Кај и да јурнеше, туре,
блеснувајќи со својот шлем злат,
погани глави половецки лежеа таму. - 55. Раскостени се од твојте калени сабји
аварските шлемој,
храбри туре Всеволоде! - 56. Раните што се, браќа, за онега чест
и богатство што отфрлил,
град Чернигов и татков престол златен,
од невеста мила, личната Глебовна,
преданоста и љубовта! - 57. Одлетаа векој Тројанови,
поминаа лета Јарославој
и походи Олегови,
на Олега Свјатославич. - 58. А тој Олег буни со меч ковеше
и по земја стрели сееше. - 59. Стапил’ в стремен златен в града Тмуто-
рокањ, - 60. ѕун слушаше веке стариот и велик Јарослав,
- 61. а Владимир, синот Всеволодов,
секо утро уши затинаше в Чернигов. - 62. А Бориса Вјачеславич фалбата на суд го
прати
и на зелен покров на Канина
зарад вината Олегова
спростре храбра млада кнеза. - 63. А Свјатополк од Кајала повела татка му да
го однесат
на маџарски коњи празнични
во Киев, во Света Софија. - 64. Тогаш, при Олега Гориславич,
кавги се еееја и никнеа,
гинеше богатство на внукот Даждбогов,
во буни кнезовски се кусеше век човечки. - 65. Во Земјата руска ретко орачи тогаш се
гласеа,
но гаврани често грачеа –
делејќи меѓу себе трупје,
а и врани збор правеа
повтејќи на гозба да летнат. - 66. Така беше во оние битки и походи,
а за ваква битка не беше се чуло!
Од мугри до вечер,
од вечер до зори
летаат калени стрели,
грмат сабји по шлемој,
трештат копја челикови - 67. в поле незнајно,
среде земја половецка.
Црна земја под копита би со коски посеана,
а со крвој натопена:
тага никна в Земја руска. - 68. Што ми шуми,
што ми ѕуни – - 69. оддалеку рано предзори?
Полкови Игор свртува,
жал му мила брата Всеволода! - 70. Се биеја ден,
се биеја друг;
трети ден напладне Игореви знамиња
паднаа. - 71. Тука, на брегот од Кајала брза, браќа се
разделија; - 72. не достаса тука вино крваво;
- 73. тука пир досвршија Руси храбри:
сватој напоија, а сами попаѓаа
за својата Земја руска. - 74. Се ничкоса од жал трева,
кбн земи дрво од тага се ведна. - 75. Невесело време, браќа, настана веќе,
пустина веќе прекри сила. - 76. Караница вивна сред Даждбогој внуци,
ко девица стапи в Тројанова земја,
со лебедови крилја исплеска
над сињото море крај Дон;
плескајќи, испади години родни.
З - 77. гина борба кнезовска спроти поганци,
зашто брат на брата си рече:
«Ова е мое, и тоа е мое.»
И почнаа кнезојте за малото
«тоа е големо» да велат,
и меѓу себе сами раздори да коват. - 78. А поганци од си страни со победи навлагаа
во Руската земја. - 79. О, далеку зајде сокол, птици бие – дур’
до море! - 80. А Игорева војска храбра не воскресна!
- 81. Писнаа пб неа Карна и Желја,
јурнаа по Земјата руска, - 82. разнесоа распален во рогој жар.
Заплакаа жени руски, затажија: - 83. «Леле, нема веќе мили свои
ни со мисла да смислиме,
ни со збор да спомниме,
ни со очи да видиме,
ниту злато, сребро нивно да гибнеме.» - 84. И Киев, браќа, јакна од тага
и Чернигов од напасти. - 85. Се разлеа чемер во Земјата руска;
жал голема сред Руска потече земја. - 86. И дур’ кнезојте против себе си ковеа буни,
- 87. поганците сами
со победи налетуваа на Руската земја
и збираа oд дом данок по верверка. - 88. Така двата храбри Свјатславичи,
Игор и Всеволод,
неслога со раздорот разбудија,
татко им со гроза
што беше ја приспал –
Свјатослав Грозни, Велик Киевски: - 89. со своите силни полкој беше ја зауздил
и со мечој челикови;
настапи земја половецка,
изгази ридје и долови,
замати реки и езера,
потоци и блата исуши.
А Кобјака поганецот од кај море
од железните половецки полкој
ко виор го истргна:
падна Кобјак во града Киева
во двор Свјатославов. - 90. Тука Немци, Венетици,
тука Грци и Моравци
пеат слава Свјатославу,
а го корат кнез Игора,
богатство што погреба на дно Кајала, река
половецка,
а руско злато исипа. - 91. Тука Игор се префрли од златно седло
в суженско. - 92. Стажија градски бедеми,
та згина веселје. - 93. А Свјатослав виде сматен сон
- 94. в Киев на горите.
«Сношти, рече, ми клаваа
црн покров
на легло тисово; - 95. сињо вино ме честеа
со јадој смешано; - 96. од тулците празни на поганци-туѓоземци
ми сипеа
јадар бисер на градите - 97. и ме галеа.
Штиците веќе без пречници беа
во мојот златоврв трем. - 98. Саноќ од вечерта
сиви врани грачеа - 99. во Плесењск –
под градот беа киевските дебри –
и летаа накај сињо море.» - 100. И му рекоа бојари на кнезот:
- 101. «Тоа, кнеже, ум тага ти пленила;
- 102. ене сокли два одлетаа
од златниот престол татков
да бараат града Тмуторокањ,
ил’ со шлемот да пијат од Дон.
Потсекоа на сокли крилца
со сабји погански,
а нив сами оковаа
в пранги железни. - 103. На трети ден беше темно:
замркнаа двете сонца,
згаснаа двата огнени столба
и со нив два млади месеца –
Олег и Свјатослав,
со мрака се обвија
и в море потонаа,
у туѓинецот голем бес разбудија. - 104. А на река, на Кајала светлината мрак ја
покри: - 105. по Земјата руска Половци се разлазија
ко глутница леопарди. - 106. Врз слава веќе падна ула,
- 107. врз слобода тресна сила;
- 108. се фрли веќе Див врз земја.
- 109. Та и готски лични моми
запеаја на од сињо море брегот
ѕунејќи со руско злато;
пеат за времето на Боза,
лелеат одмазд зарад Шарукан. - 110. «А ние, дружино, желни сме веселје!»
- 111. Тогаш велик Свјатославе
пророни слово златно,
со солзи смешано,
и рече: - 112. О синковци мои, Игор и Всеволод!
Рано почнавте половецка земја
со мечој да цвелите,
за себе слава да барате.
Но неславно вие завршивте
и неславно крв поганска вие пролеавте. - 113. Срца ваши храбри
од лут челик се скрвани
и во бујност закалени. - 114. Тоа ли сторивте со сребрени коси мои?
- 115. Не ја гледам веке власта
на силниот,
богатиот,
со воини обилниот
Јарослава, брата моја,
со черниговските бојари,
со војводите,
и со Татраните,
и со Шелбирите,
и со Топчаците,
и со Ревугите,
и со Олберите.
Та тие без штитој, само со ножеј во чизмите,
полкови со вик победуваат,
предедовска слава шират. - 116. Но рековте: «Сами храбри ќе бидеме –
стара слава сами ќе отмеме,
а пак нова сами ќе делиме!» - 117. Зар е чудно, браќа, стар да се помлади?
- 118. Сокол кога се митари,
тој високо птици гони:
гнездо свое посрамено не остава. - 119. Но зло ете – од кнезови ми нема помош:
- 120. наопаку век се сврти.
- 121. Ене в Римов пиштат под сабјине половецки,
а Владимир е во рани. - 122. Тешко и горко на синот Глебов!»
- 123. Велик кнеже Всеволоде!
Ни со мисла зар не можеш оддалеку да
долеташ,
татков престол златен да дочуваш? - 124. Та ти можеш Волга со весла да расплискаш,
Дон со шлемој да исцрпиш! - 125. Ти овде да беше
суженката по ногата ќе беше,
а суженот по резана. - 126. Та ти можеш и по суво
со живи копја да стрелаш,
со смелите синови на Глеба. - 127. Ти, Рјуриче бујни и Давиде!
Зар воини ваши
ео шлемој злаќени не пливаа в крвој? - 128. Зар храбрата дружина ваша
не рикаше како тури
ранети од сабји калени
в поле незнајно? - 129. Стапете, господа, во стремени златни
зарад злото на нашето време,.
за својата Земја руска,
за раните Игореви,
бујни. Свјатославич! - 130. О Галицки Осмомисле Јарославе!
Ти високо седиш
на престолот златокован,
унгарски планини си потпрел
со својте железни полкој,
на кралја пат си пресекол,
на Дунава порти затворил,
бремиња низ облаци фрлаш,
до Дунава судој редиш. - 131. Грози твои по земјине течат,
на Киев порти отвораш,
од татков престол златен стрелаш
на султани отаде земји. - 132. Па Кончака стрелај, господине, –
робот поган,
зарад Земјата руска,
за раните Игореви
бујни Свјатославич! - 133. Ти, Романе бујни, Мстиславе!
Храбра мисла ум кон подвиг ви води. - 134. Кон подвигот високо леташ
и смело, ко сокол низ ветрови носен,
готов си гггица в смелост да надвиеш. - 135. Та имате јунаци железни
под шлемој латински.
Од нив земја се застресе,
многу страни –
Хинова,
Литва,
и Јатвјази,
Деремела,
и Половци фрлија сулици свои
и глави свои веднаа
под тие мечој челични. - 136. Тогаш ете, кнез Игоре, «-
згасна веќе сончев зрак,
а дрвото не од добро лисје срони: - 137. по Роса и по Сула градој изделија.
А Игорева војска храбра не воскресна! - 138. Дон, кнеже, те кличи
и кнезови зове на победа. - 139. Ољговичи, кнезој храбри, тргнаа веќе во
бој… - 140. О Ингваре, Всеволоде,
сите тројца Мстиславичи,
не од слабо гнездр шестокрилци!
Нели со жрепка победна
грабнавте земји за себе? - 141. Кај се ваши златни шлемој
и сулици ваши полски
и штитови? - 142. Заградете на поле порти
со своите стрели остри
за својата Земја руска,
за раните Игореви,
бујни Свјатославич! - 143. Та не тече веќе со сребрени струи Сула
накај градот Перејаслављ,
а и Двина како блато тече
кон оние страшни Полочани,
а под викот на поганци. - 144. А Изјаслав само, син Василков,
заѕуни со мечови свои остри
по литовските шлемој,
ја сништи славата на деда си Всеслав,
а самиот под црвени штитој
на трева крвава
в крвој сотрен беше од литовски мечој
со љубимецот свој; - 145. а тој му рече:
- 146. «Дружината твоја, кнеже,
со крилјата птици ја прекрија,
а ѕверови крв и излижаа.» - 147. Го немаше тука брата Брјачислава
ни другего – Всеволода:
сам одрони душа бисерна
од храброто тело свое
низ златно огрлје. - 148. Сцвилија гласој.
згина веселје,
трубат труби городненски. - 149. Јарославци и си Всеславови внуци!
Веднете веке свои знамиња,
сложете мечој свои изабени; - 150. искокнавте веке од дедовска слава.
- 151. Зашто со кавгите свои
почнавте поганци да водите
во Земјата руска,
на имотот Всеславов. - 152. По кавгите ваши дојде и насилје
од земјата половецка!
Во седмиот век Тројанов - 153. фрли жрепка кнез Всеславе
за девојка нему мила. - 154. Со итрости врз коњи се потпре,
скокна до града Киева
и со дршката копјена се допре
до киевски престол златен. - 155. Како лут ѕвер скокна после
на полноќ од Белгород
обвиен од сива магла; - 156. утрото веќе секири заби –
на Новгород отвори порти,
Јарославова поништи слава, - 157. ко волк скокна
до Немита од Дудутки.
На Немига снопје од глави стилат,
со чукалки челикови вршат,
на гумно живот слагаат,
душа од тело веат. - 158. Немигини крвави брегој
не со благо беа посеани, –
со од руски синој коски. - 159. Кнез Всеславе луѓе судеше,
на кнезови градој делеше,
ноќе сам како волк акаше:
од Киев пред петли в Тмуторокањ
дотрчуваше,
на Хорса велик патот ко волк го
претрчуваше. - 160. В Полоцк рано, од Света Софија,
за утрена камбани му биеја,
а тој в Киев ѕун други слушаше. - 161. Но иако душа мудра беше му во тело храбро,
од несреќи често страдаше. - 162. Вешти Бојан припев умен
одамна му сложи нему: - 163. «Ни итриот,
ни вештиот,
ни птицата вешта –
ќе одминат божји суд.» - 164. О, ќе јачи Земја руска,
споминајќи првна доба
и кнезови свои првни! - 165. Онега стари Владимира –
не можеше за киевските гори да го
врзеш. - 166. Еве кај сега Рјурикови знамиња се креваат,
другите Давидови се,
на разни страни платната нивни се веат. - 167. Копја пеат!
- 168. На Дунава Јарославнин глас се слуша,
како кукавица клета рано кука: - 169. «Ќе летнам, вели, ко кукајца по Дунава,
- 170. ќе наквасам дабров ракав во река
Кајала - 171. ќе измијам кнезу крвави рани
по силната негова снага.» - 172. Јарославна рано плаче
на бедемот во Путивљ и си тажи: - 173. «О ветре, ветре ле!
Зошто, ветре господине, спротив вееш? - 174. Чуму носиш хински стрели
на крилца свои леки
спроти воините од мојот мил? - 175. Малку ли ти беше под облаци горе да
вееш,
на сињо море кораби да лулаш? - 176. Зошто, ветре господине, радост моја
по ковилје ти развеа?» - 177. Јарославна рано плаче
на бедемот во Путивљ и си тажи: - 178. «О Днепре Словутич!
Ти проби камени гори
крз земјата половецка; - 179. врз себе Свјатославој лулаше лаѓи
до станот Кобјаков. - 180. Долулај ми, господине, мое љубне
солзи нему да неспраќам
рано кбн море.» - 181. Јарославна рано плаче
на бедемот во Путивљ и си тажи: - 182. «Сонце светло и триж светло!
За сите си топло и прекрасно: - 183. зошто тогаш, господине, простре свои
пламни зраци
на воините од .мојот мил?
Та в поле безводно лакови со жед им сви,
тулци со јад им поклопи?» - 184. Заплиска море на полноќ:
виори магли гонат.
Кнез Игору бог пат сочи
од кај земја половецка
кон негова Земја руска,
кон златниот татков престол. - 185. Згаснаа вечерни мугри.
Игор спие,
Игор бдее,
Игор со мисла полја мери
од Дон велики до малиот Донец. - 186. В полноќ Овлур зад реката ко коњ ’рзна –
да разбере кнезот:
«Бегај сега, кнез Игоре!» – - 187. Кликна.
Статни земја,
зашуми трева,
половски се задвижија шатри. - 188. А кнез Игор тогаш скокна
кон трските како видра,
па на вода ко дива шатка. - 189. На брза се коња фрли
и од него скокна како волкон сив. - 190. И се стрчна кон лагот Дончев,
како сокол под облаци летна,
избивајќи гуски и лебеди
за појадок,
ручек
и вечера. - 191. Кога Игор како сокол летна,
Овлур тогаш како волк се стрчна,
тресејќи студена роса:
раскинаа свои брзи коњи .. - 192. .
Донец рече: - 193. «Кнез Игоре!
Тебе голема слава,
срам на Кончака,
на Руската земја веселје.» - 194. Игор рече:
- 195. «Ој ти, Донче!
Тебе голема слава
што лулаше кнеза врз бранови,
зелена му трева стилаше
на брегови свои сребрени;
со топли го магли облакаше
под сенка на дрво зелено; - 196. на водата ко шатка го чуваше,
ко галеби на струите,
ко тетреби на ветришта.» - 197. Не си, рече, како река Стугна:
лоша струја таа има,
туѓи потоци и чунови гелта,
кај усјето разлеана.
Го удави млада кнеза Ростислава.
На од Днепар брегот темен
од Ростислав - 198. мајка плаче
по младиот кнез Ростислав. - 199. Цвеќиња свенале од жалба,
од тага дрво кбн земи се свило … - 200. И не страчки застрачија:
по трагата Игорева со Кончака јазди Гзак. - 201. Тогаш гаврани не грачеа,
чавките молкнаа,.
страчките не страчеа, - 202. смокови само ползеа.
Клукајдрвцисо клукање пат кон река сочат,
а славеи со песни весели
обзор вестат. - 203. И му вели Гзак на Кончак:
- 204. «Ако сокол накај гнездо лета,
сокле ќе умериме
со злаќени стрели свои.» - 205. На Гзака му Кончак рече:
- 206. «Ако сокол накај гнездо лета
сокле ке прелажеме
со личнб моме.» - 207. И му рече Гзак Кончаку:
- 208. «Ако го прелажеме со личнб моме,
ќе немаме ни сокле
ни личнб моме,
и ќе почнат птици да не бијат
в поле лоловецко.» - 209. Така рекоа Бојан и Ходина,
Свјатославој песнотворци,
од старото врсме јарославско,
љубимци на кнез Олега: - 210. «Тешко на глава без рамена,
зло на тело без глава» –
на Руската земја без Игора. - 211. «Сонцено свети на небо,
а кнез Игор в Земја руска» – - 212. пеат моми крај Дунава,
гласови се вијат ггреку-море, до Киева. - 213. Јазди Игор по Боричев
кон-ЈСвета богоројца Пирогошча. - 214. Земјине радосни, традојне весели.
- 215. На старите кнезој песна испеавме,
на младите сега ќе им пејме: - 216. «Слава на Игора Свјатославич,
на бујниот тур Всеволода
на Владимира Игоревич!» - 217. Здраво да сте, кнезој и дружино,
за рисјани што се биевте
спроти војските погански! - 218. Слава на кнезојте
и на дружината!
Амин.
Ссылка
Если вы используете корпус в научной работе, пожалуйста, сошлитесь на эту публикацию:
Орехов Б. В. Параллельный корпус переводов «Слова о полку Игореве»: итоги и перспективы // Национальный корпус русского языка: 2006—2008. Новые результаты и перспективы. — СПб.: Нестор-История, 2009. — С. 462—473.